ВИДЕО: Јокиќ одржа час по кошарка и против Оклахома

1 min read

Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ доминираше и во новиот триумф на Денвер над Оклахома од 113:107 изминатата ноќ во НБА лигата.

Екипата од Колорадо забележа исклучително значајна победата во борбата за место кое носи директен пласман во плеј-офот на најсилната кошаркарска лига во светот.

Нагетси моментално се шести во Западната конференција со 44 победи и 31 пораз и имаат триумф повеќе од Минесота на седмата позиција.

Денвер рутински забележа триумф против еден од најлошите тимови во лигата, а српскиот ас блескаше на теренот. Јокиќ на овој меч уште еднаш покажа зошто е главен фаворит за престижната титула најкорисен играч во НБА лигата. За 35 минути игра постигна 35 поени (13/15 од игра, 9/10 слободни фрлања), 12 скока, осум асистенции, по две украдени топки и блокади.

Покрај него се истакна искусниот Арон Гордон со 20 поени, а Бил Бартон постигна 18. А на спротивната страна Французинот Тео Маледон реализираше 20 поени.

НБА лига, резултати –

Орландо – Сакраменто 110:114, 105:105 (по 1. продолжение)
Торонто – Индијана 131:91
Кливленд – Чикаго 94:98
Мемфис – Милвоки 127:102
Мајами – Бруклин 95:110
Денвер – Оклахома 113:107
Портланд – Хјустон 98:115

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Неофицијално: Откриена е причината за смртта на тапанарот на Foo Fighters

Следно

На радоста и нема крај: Објавено првото видео од младите лавчиња во скопската зоолошка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian