ВИДЕО | Најинтересните моменти во историјата на Оскарите

5 mins read

Вечерва ќе се одржи 94. издание на свеченото доделување на филмските награди Оскар, а Американската академија за филмски уметности и науки ќе ги награди најдобрите професионалци од филмската индустрија.

Низ годините, на сцената во театарот „Долби“ продефилирале бројни филмски ѕвезди. Дел од нив ги користеле своите неколкуминутни говори за да упатат поддршка на одредена кауза, а дел од нив ќе останати запаметени по одредени симпатични ситуации.

Доделувањето на Оскарите никогаш не е досадно, па затоа одвоивме дел од најинтересните моменти во историјата на овие престижни филмски награди.

Поделена награда за најдобра актерка

Едни од најбараните актерки во шеесеттите години на минатиот век, Кетрин Хепберн и Барбра Стајсенд ја поделиле наградата за најдобра актерка во 1969 година. Се чини дека членовите на Американската академија за филмски уметности и науки не можеле да се одлучат меѓу одличната актерска изведба на Хепберн во „The Lion in Winter“ и оној на Страјсенд во филмот „Funny Girl“.

Марлон Брандо го одбил својот Оскар

Актерот Марлон Брандо ја освоил наградата за најдобар актер во 1973 година, за својата улога Вито Корлеоне во легендарниот филм „The Godfather“, но одбил да присуствува на церемонијата. Наместо него, на сцената се појавила активистката за граѓански права на домородните Американци, Сачин Литлфедер, која го прочитала писмото на актерот во кое вели дека „тој многу жали што не може да ја прифати наградата, а причината за тоа е начинот на кој филмската индустрија ги третира американските Индијанци“.

Толку малечка, а веќе добитничка на Оскар

Ана Пакуин е позната по својата улога во телевизиската серија „True Blood“, но оваа актерка ја започнала својата актерска кариера од мали нозе. Во 1994 година, на само 11-годишна возраст ја освоила престижната филмска награда Оскар за нејзината споредна улога во филмот „Piano“.

Патот до сцената на Роберто Бенињи

Не постои човек кој останал рамнодушен на филмот „La vita è bella“, а италијанскиот актер и режисер Роберто Бенињи беше најголема ѕвезда на доделувањето на Оскарите во 1999 година. Филмот освои дури три златни статуетки, но тоа што ќе остане запаметено е реакцијата на Бенињи кога беше прогласен за најдобар актер во главна улога.

Бакнежот на Едриен Броуди и Хали Бери

Во 2003 година, Едриен Броуди ја освои наградата за најдобар актер за својата улога во филмот „The Pianist“. Тоа што ги воодушеви присутните во театарот „Долби“ беше неочекуваниот бакнеж меѓу Броуди и актерката Хали Бери која му ја доделуваше наградата.

Падот на Џенифер Лоренс

Џенифер Лоренс важи за една од најталентираните млади актерки во Холивуд, па затоа не беше големо изненадување кога во 2013 година беше прогласена за најдобра актерка за својата улога во филмот „Silver Linings Playbook“. Но, најверојатно од возбуда, Џенифер Лоренс доживеа мал инцидент додека се качуваше на сцената.

Говор за родова еднаквост

Откако беше прогласена за најдобра актерка за својата споредна улога во филмот „Boyhood“, актерката Патриша Аркет одржа говор во кој ја начна темата за родовата еднаквост. За време на нејзиниот говор, таа рече дека е „време за еднаквост во платите, еднаш и засекогаш, и еднакви права за жените во САД“.

Кој е вистинскиот победник?

Актерите Ворен Бити и Феј Данавеј по грешка го прогласија филмот „La La Land“ за најдобар во 2017 година. Сепак, грешката беше поправена веднаш и златната статуетка отиде во рацете на тимот кој работеше на филмот „Moonlight“.

Хемијата меѓу Лејди Гага и Бредли Купер

По нивниот настап на Оскарите во 2019 година, хемијата меѓу Лејди Гага и Бредли Хупер беше главна тема на социјалните мрежи. Но, и покрај тоа што многумина посакуваа тие да бидат заедно и во вистинскиот живот, ѕвездите на филмот „A Star is Born“ се само колеги и блиски пријатели.

Изненадувањето на Еминем

Еминем приреди пријатно изненадување со својата изведба на песната „Lose Yourself“ за време на Оскарите во 2020 година. Како потсетување, во 2003 година раперот ја освои наградата Оскар за најдобра филмска музика со песната „Lose Yourself“ од филмот „8 Mile“, во кој тој ја толкува главната улога.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зеленски за руски медиуми: Подготвени сме на разговор за неутралност, но потребни ни се гаранции!

Следно

ФОТО: Најдобрите македонски фудбалери пристигнаа во Порто

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian