ВИДЕО | Македонија на Оскари: Сите наши кандидати за номинација за Оскар

2 mins read

Во пресрет на годинашното доделување на престижните филмски награди Оскари, ќе направиме мало потсетување на сите македонски филмови кои низ годините беа понудени за номинација за Оскар за најдобар странски филм.

Имено, Академијата за филмска уметност и наука има отворена покана кон филмските индустрии на многу земји кои смеат да понудат само по еден филм како натпреварувач за номинација за Оскар за најдобар странски филм.

Досега два македонски филма имаат добиено номинација за Оскар – „Пред дождот“ во 1994 година, во режија на Милчо Манчевски, и „Медена земја“ во 2019 година, во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов. За жал, ниту Манчевски, ниту режисерското дуо Котевска/Стефанов не успеаја да ја освојат златната статуетка.

„Пред дождот“ на Милчо Манчевски, 1994 година

„Gypsy Magic“ на Столе Попов, 1997 година

„Збогум на 20 век“ на Дарко Митревски и Александар Поповски, 1998 година

„Големата вода“ на Иво Трајков, 2004 година

„Контакт“ на Сергеј Станојковски, 2006 година

„Сенки“ на Милчо Манчевски, 2007 година

„Јас сум од Титов Велес“ на Теона Стругар Митевска, 2008 година

„Ocas ještěrky“ на Иво Трајков, 2009 година

„Мајки“ на Милчо Манчевски, 2010 година

„Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски, 2011 година

„Трето Полувреме“ на Дарко Митревски, 2012 година

„До Балчак“ на Столе Попов, 2014 година

„Медена ноќ“ на Иво Трајков, 2015 година

„Ослободувањето на Скопје“ на Раде и Данило Шербеџија, 2016 година

„Исцелител“ на Ѓорче Ставрески, 2018 година

„Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, 2019 година

„Врба“ на Милчо Манчевски, 2021 година

„Сестри“ на Дина Дума, 2022 година

Разговор со Дина Дума, режисерка: Јас сум трета режисерка што снимила долгометражен филм во Македонија

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Маркарова: Русија е терористичка држава и ја води воен злосторник

Следно

Јовановски пред финалето за СП: Со Елмас и Костадинов ќе бидеме поквалитетни во Порто!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian