ВИДЕО | „Кралот се врати“: Роналдо му посака добредојде назад на Пепе

1 min read

Кристијано Роналдо (37) е возбуден поради враќањето на искусниот дефанзивец Пепе во репрезентацијата на Португалија, откако ја пропушти победата од 3:1 над Турција во четвртокот поради позитивен тест на ковид-19.

Кралот се врати!“ – коментираше насмеаниот Роналдо пред тренингот на Португалија во неделата наутро додека 39-годишниот дефанзивец излезе од соблекувалната.

Тие се смееја и се гушкаа пред да почнат рамо до рамо со загревањето на претпоследниот тренинг пред квалификацискиот плејоф против Македонија во вторник (29 март) за пласман на Светското првенство годинава.

Роналдо сезонава во Премиер лигата во дресот на Манчестер јунајтед досега забележа 12 голови во 24 настапи. А за најдобрата португалска селекција од 2003 година има 115 голови во 185 настапи.

Од друга страна 39-годишниот централен бек запиша вкупно седум голови во 123 настапи за репрезентацијата на Португалија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шон Пен: Ако Зеленски не говори на доделувањето на Оскарите, јавно ќе ги уништам своите статуетки

Следно

НОВ ПРОБЛЕМ ВО УКРАИНА: Голем пожар во рестриктивната зона околу нуклеарната централата Чернобил

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian