ВИДЕО: Канада ќе игра на Мундијал за првпат после 36 години

2 mins read

Фудбалската репрезентација на Канада во Торонто ја совлада Јамајка со 4:0 во натпревар од претпоследното коло од квалификациите во Конкакаф зоната, и на тој начин го обезбеди пласманот на Светското првенство во Катар.

Канаѓаните за првпат после 36 години ќе играат на Мундијал, последен пат учествуваат на СП во 1986 година освојувајќи го последното 24 место.

Првиот гол на денешниот меч го постигна Ларин во 13 минута од средбата, предноста непосредно пред паузата ја зголеми Букенен (44`). Во 83 минута за 3:0 се погрижи Хојлет, а конечниот епилог беше поставен пет минути подоцна со автоголот на Мариапа.

Канада во последното коло ќе игра против Панама на гостински терен, во меч без резултатско значење. Првопласираните три репрезентации ќе играат на Мундијалот, додека четвртопласираниот на табелата ќе игра бараж против претставникот на Океанија.

Моментно во генералниот пласман води Канада со 28 бодови, пред САД и Мексико со по 22, Костарика има 19, а на петтата позиција е Панама со 18. Елиминирани од трката за СП се Ел Салвадор (10), Јамајка (8) и Хондурас (4).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ: Србите се како Галите во „Астерикс“ – последното „слободно племе“ во Европа

Следно

Денес се празнува: Преподобен маченик Агапиј

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian