ВИДЕО | Емотивен концерт на Парни ваљак: Синот на Аки Рахимовски се расплака на сцената

2 mins read

Вчеравечер во загрепска „Арена“ се одржа првиот концерт на музичката рок-група Парни ваљак без непрежалениот Аки Рахимовски. Во негова чест, членовите на групата ги свиреа нивните најголеми хитови, а на сцената им се придружија и нивните пријатели од музичката сцена Златан Стипишиќ Џибони, Момчило Бајагиќ Бајага,, Филип Рудан, Нина Бадриќ, Давор Гобац, Дино Јелушиќ, Перо Галиќ, Нено Белан и Масимо Савиќ, објави хрватски „Индекс“.

Но, дефинитивно, најемотивна била изведбата на синот на Аки, Кристијан Кики Рахимовски кој се расплакал додека ја пеел песната „Гледам је док спава“.

„Како што би рекол татко ми, така ќе ви кажам вечерва – добровечер Загребе. Добредојдовте на прославата на животот на татко ми, пејте ја секоја песна со нас, ве сакам сите“, изјавил Кики.

По изведбата на првата песна, Кики ги замолил обожавателите на неговиот татко да ги вклучат светлата на нивните телефони и да направат „ѕвездено небо“ и почнал да ја пее „Када ме дотакне“.

Пејачката Нина Бадриќ напиша на социјалните мрежи дека Аки „беше најголемиот фронтмен на сите времиња на овие простори“ и дека многу се чувствувало неговото отсуство за време на вчерашниот концерт.

„Синоќа загрепска „Арена“ пукаше во шевовите. Салата не била олку полна од денот на нејзиното отворање. Сѐ до последно место, луѓето од сите генерации дојдоа да му оддадат последна почит на нашиот голем Аки. И сите ние дојдовме да му се поклониме. Пријатели и колеги. И заклучивме дека тие песни можеше да ги пее само Аки. Со сигурност, беше најголемиот фронтмен на сите времиња од овие простори и таков нема да се роди уште долго. Многу недостигаше вчера. Во секој тон и во секоја песна“, напиша Нина Бадриќ по вчерашниот настап.

ФОТО: Скопје се збогува со Аки Рахимовски: Денес беше поставена книга на жалост на улица Македонија

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бериша: ПД има потреба од обединување како што на птица и треба воздух

Следно

Костадинов верува во историски успех: Со истата пожртвуваност и против Португалија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian