ВИДЕО: Јапонецот фантастичен, Кобајаши светски шампион во ски скокови

1 min read

Норвежанецот Мариус Линдвик денеска победи во последната етапа од 43 сезона на Светскиот куп во ски скокови пред 12.500 гледачи на Планица, додека Големиот кристален глобус му припадна на Јапонецот Рјоју Кобајаши.

Втор денеска на Планица беше Јапонецот Јукија Сато, а трет Словенецот Петер Превц. Неговиот сонародник Жига Јелар денеска дојде до шестото место и со тоа го освои малиот Кристален глобус во ски скокови.

Зад него по редоследот во ски скокови е уште еден Словенец Тими Зајец, а трет Австриецот Стефан Крафт.

Кобајаши денеска беше осми што му беше доволно да го престигне Германецот Карл Гајгер и да го освои Големиот кристален глобус.

Трет во генералниот пласман беше Норвежанецот Халвор Егнер Гранерунд, инаку минатогодишен шампион. Во Купот на нации победија Австријците, втори беа Словенците, а трети Германците.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Ученик ја цитирал Констракта, па добил единица за писмената работа

Следно

Ќе се расипува времето – до крајот на неделата и посилен дожд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian