Турски и шпански клуб го сакаат потписот на македонскиот репрезентативец Барди

1 min read

Енис Барди овие денови заедно со своите репрезентативни колеги од македонската А селекција живее убав момент после победата над Италија во полуфиналето од плеј-офот за пласман на Светското првенство во Катар.

Во вторник избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе го играат финалето против Португалија во Порто на стадионот „Драгао“ за учество на Мундијалот.

Барди е еден од важните играчи во нашиот репрезентативен состав, од друга страна со екипата на Леванте е последнопласиран во шпанската „Ла Лига“ и води грчевита борба за опстанок, иако веќе многумина го отпишуваат од трката за останување во елитата.

Во меѓувреме друг клуб од најсилното шпанско првенство кој моментно е на деветтото место, Валенсија ја следи ситуацијата со нашиот играч.

Барди има важечки договор со Леванте (исто така клуб кој доаѓа од градот Валенсија) до 30 јуни 2022 година, но има опција во договорот која вели дека може да ја продолжи соработката на уште една година.

Има информации дека за нашиот играч има интерес и од Серија А, а исто така се шпекулира дека во трката за потписот на Барди се наоѓа и турскиот гигант Фенербахче.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Сергеј со брутална рецензија за Скопје Фешн Фестивал: Моден фестивал во ходник пред вратите за евакуација?

Следно

Џабир Дерала: Кутриот Мицкоски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian