Трагедија во затворот во Тирана: Притвореник ја потпалил келијата и се задушил

1 min read

Несекојдневен инцидент се случил во притворското одделение во полицискиот комесаријат во Камза, општина во Тирана, кога притвореник ја потпалил просторијата, во која се наоѓало уште едно притворено лице.

Од пламените јазици и задушувањето, во болница починал Арбен Мици(26), уапсен за „семејно насилство”, кој според првичните спознанија од увдот, поради отежната психолошка состојба со запалка ја запалил просторијата во која престојувал.

Повредени, но надвор од животна опасност се и Дилавер Идризи, уапсен за убиство во обид, како и полициски службеник.

Двајца полициски службеници од обезбедувањето во просториите за задржување на приведените се уапсени за „злоупотреба на службена должност” и „непомагање” а уште тројца, меѓу кои раководителот на секторот, се суспендрани и се води истрага на слобода, за неизвршување на овластувања.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Канада вети дека ќе им помогне на земјите да престанат да користат руска нафта

Следно

ВИДЕО | Вака Зеленски се шегуваше на сметка на Путин пред две децении

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian