Јовановски пред финалето за СП: Со Елмас и Костадинов ќе бидеме поквалитетни во Порто!

3 mins read

Македонската сениорска репрезентација ја дели уште една победа до историски пласман на Светско првенство во Катар 2022. Последна пречка за играчите на Благоја Милевски е селекцијата на Португалија во вторник (29 март) на стадионот „Драгао“ во Порто со почеток од 20.45 часот.

Во полуфиналето од плеј-офот „црвено-жолтите“ успеаја да го елиминираат актуелниот европски шампион Италија со резултат 0:1 во Палермо на стадионот „Ренцо Барбера“.

Поранешниот селектор на нашата А селекција, Ѓоре Јовановски вели дека самодовербата кај играчите по победата над Италија е сигурно на многу повисоко ниво.

– Ваквите натпревари од психолошка гледна точка се многу тешки. После нашата победа над Италија, мислам дека од тој аспект нашите фудбалери се уште поослободени. Самодовербата после триумфот во Палермо е сигурно на едно многу повисоко ниво отколку што беше пред мечот со Италијанците. Кога сме кај индивидуалните квалитети, зборувам за поединци, Португалија е далеку поквалитетна од италијанската репрезентација. Италија секогаш сум ја ценел, не случајно стана европски шампион, лани никој не ѝ даваше шанса дека ќе дојде на врвот на Европа, но колективно играше многу добро – ни изјави Јовановски.

Бернардо Силва: Победија над Германија и Италија, тоа кажува многу за Македонците

Нашиот 66-годишен стратег вели дека на крајот на краиштата фудбалот е сепак колективна игра.

– Без разлика што во Порто за домаќините ќе играат Мутињо, Роналдо, Нунеш, Пепе, итн. кои имаат одиграно многу вакви натпревари, не им е сеедно. Што е исто така важно, по изјавите на селекторот, тамошните тренери, покажуваат почит кон нас и така треба да биде.

Така што, нашите фудбалери само нека излезат како што беа со Италија против која одиграа тактички многу добро. Да, Италијанците имаа посед на топката, шутеви, до 20-30 метри добро играа, но знаете како е, најтешко е во фудбалот да постигнете гол – рече Јовановски.

Костадинов верува во историски успех: Со истата пожртвуваност и против Португалија

Поради жолти картони во Палермо право на настап немаа Елиф Елмас и Тихомир Костадинов, а сега ќе бидат на располагање за финалето во Порто.

– Со нив сигурно ќе добиеме многу квалитет, во градењето на играта во нападот. Не треба да го заборавиме Костадинов, на последните неколку натпревари навистина одигра на едно високо ниво. Значи, според мене Елмас и Костадинов ќе бидат едно освежување, со нив ќе бидеме поквалитетни отколку што бевме со Италијанците барем во офанзивниот дел од играта – се зборовите на Јовановски.

Македонскиот „дијамант“ Елмас: Оваа шанса не смееме да ја пропуштиме

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Македонија на Оскари: Сите наши кандидати за номинација за Оскар

Следно

Зеленски за руски медиуми: Подготвени сме на разговор за неутралност, но потребни ни се гаранции!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian