Николенко: Руски референдум на окупираните украински територии нема никаков правен основ

1 min read

Украинските власти денеска соопштија дека рускиот референдум на окупираната украинска територија нема да има правен основ и дека Русија ќе се соочи со силен одговор од меѓународната заедница и дополнително ќе ја продлабочи својата глобална изолација.

Самопрогласената „Народна република Луганск“, во источна Украина, поддржана од Русија, наскоро би можела да одржи референдум за приклучување кон Русија, изјави денеска локалниот лидер Леонид Пашечник, пренесуваат проруските локални медиуми.

-Сите лажни референдуми одржани на привремено окупираните територии се ништовни и нема да имаат правна важност, изјави за британските медиуми портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко.

„Напротив, Русија ќе се соочи со уште посилен одговор од меѓународната заедница, што дополнително ќе ја продлабочи нејзината глобална изолација“, рече тој.

Русија минатиот месец ги призна самопрогласените републики Луганск и Доњецк како независни и набргу потоа нареди, како што ја нарече, специјалната воена операција во регионот.

На 24 февруари Русија испрати десетици илјади војници во Украина за оваа „специјална операција“ за демилитаризација на јужниот сосед и искоренување на луѓето што ги нарече опасни националисти.

Украинските сили веќе еден месец даваат силен отпор, а Западот воведе сеопфатни санкции кон Русија во обид да ја принуди да ги повлече своите сили. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Ковид биланс: 188 новозаразени, тројца починати, 119 оздравени

Следно

ВИДЕО | Ученик ја цитирал Констракта, па добил единица за писмената работа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian