Луксуз и криза на балкански начин: Навечер чашите се полни со виски, а преку ден буткаме празни колички во маркетите

4 mins read

Пандемијата од ковид 19 и случувањата помеѓу Русија и Украина предизвикаа сериозна економска криза во светот, а тие се чувствува и во Македонија. Цените на основните продукти секојдневно растат, бизнисот тешко ја издржува кризата и поради тоа платите тешко од нагоре. Секојдневно одат нагоре цените на нафтените деривати, а тие ги зголемуваат дневните трошоци и предизвикуваат пораст и на другите цени. Економијата функционира на мускули и дише на шкрги.

Економската криза има различни последици и влијанија во различни делови од светот. Секој народ и нација на различен начин се бори, спротивставува и ја пребродува кризата.  Се чини дека најнесреќните нации кои најмалку заработуваат, највеќе трошат за нешто кое според нив е „луксуз“. Веројатно, ние балканците сме склони на трошење и глумење луксуз, па така и покрај кризата тука не заостануваат стандардните навики на Македонците или пак тоа до сега не се забележува. 

Цените на бензинот и дизелот одат нагоре, но улиците пак се полни со автомобили.  Цените во ноќните клубови и рестораните се драстично покачени, но и таму речиси нема игла каде да падне. Чашите навечер се полни со виски, а преку ден количките во маркетите остануваат празни. И веројатно, овие навики кај нас за жал се поврзани со секојдневната потреба да бидеш среќен, а секој нас има голема потреба од неа. 

Големи коли, брендирана гардероба, скапи вина и оброци, скапи пијачки со прскалки, така изгледа луксузот на балкански начин. Во време на искривени и нереални вредности во кои живееме, во Скопје луксуз и престиж е скапиот ручек во „Воденица“, пијачката во популарните локали, скијањето во Маврово, викендот на некоја од скапите плажи во Грција и по некој одмор на далечна дестинација. Лускуз кој најчесто е креиран само за убавите и скапи слики на социјалните мрежи. Кај нас за луксуз се смета сè она што е материјално, поради што целиот живот го поминуваме во потрага по пари.

За родендени кои чинат по десетици илјади евра, со престижни и скапи пијалоци и со посебно подготвена храна раскажува келнер во еден од скопските локали и додава дека многу често за ваквите прослави се земаат кредити, со трошат пари од кредитни картички. Гледаш луѓе кои крајот едвај го врзуваат, но роденденот мора да изгледа драматично, луксузно и спектакуларно, вели тој. 

Но, што велат психолозите?

Најголемиот луксуз во животот не се скапиот стан и добриот автомобил, туку можноста да ги живееме нашите животи според сопствени правила и на начин кој ни одговара. Луксуз е кога ќе научиме да не се нервираме за работите што не можат да се променат. Поразот е дел од животот и треба да се прифати. Оној што ќе научи да го живее животот на тој начин, може да се каже дека живее во луксуз. Луксузен живот значи да живеете според свои правила, да одите кон вашите цели, да не барате изговори, да не заобиколувате и да не се правдате за вашите избори, за вашите соништа и за вашите интереси.

skopjeinfo.mk

Претходно

Ковачевски: Да се биде дел од НАТО значи исполнување на сите стандарди на цивилизираниот свет

Следно

Ручек за денеска: Тепсија со модар патлиџан и тиквички

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian