Костадинов верува во историски успех: Со истата пожртвуваност и против Португалија

1 min read

Исто како и Елиф Елмас, така и Тихомир Костадинов поради жолти картони немаше право на настап против Италија во полуфиналето од плеј-офот за пласман на Светското првенство во Катар.

Играчот на полскиот клуб Пјаст Гливице ветува дека заедно со своите репрезентативни колеги ќе го дадат максимумот во вторник во финалето против Португалија во Порто да испишат нова фудбалска историја.

– До тука стигнавме, имаме уште 90 минути, на пола пат сме. Ќе изгинеме на натпреварот против Португалија, да успееме да го повториме тоа што се случи во Палермо. Мислам дека нè чека малку поразличен натпревар, Италија е репрезентација која повеќе тимски, а Португалија е селекција која игра повеќе индивидуално, со свој индивидуален квалитет.

Но, секако нам ни треба истиот мотив, желба, истата пожртвуваност и на овој меч и со доза на малку среќа да успееме да се радуваме и да си ја оствариме зацртаната цел.

Стивна атмосферата од победата во Италија, сега се фокусираме само на Португалија, со мислите сме само таму, се подготвуваме психички, тактички да одиграме на максимално ниво како што треба. Искрено верувам во овие момци по она што го направија на таков натпревар против таков противник, актуелен европски шампион, зошто да не го повториме тоа и во вторник – рече Костадинов.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Емотивен концерт на Парни ваљак: Синот на Аки Рахимовски се расплака на сцената

Следно

Влада: Седиме на иста маса со најголемите и најразвиените земји во светот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian