ФОТО: Најдобрите македонски фудбалери пристигнаа во Порто

1 min read

Нашата А репрезентација слета во Порто каде што во вторник (29 март) со почеток од 20.45 часот кога во финалето ќе ги одмери силите со домаќинот Португалија за пласман на Светското првенство во Катар 2022.

Најдобрите македонски фудбалери после големиот триумф во Палермо над актуелниот европски шампион Италија ќе се обидат да направат уште едно големо изненадување и на тој начин испишат нова историја.

За овој дуел селекторот Благоја Милевски ќе може да смета на Елиф Елмас и Тихомир Костадинов кои поради жолти картони немаа право за настап против Италијанците.

Премиерот на нашата земја, Димитар Ковачевски им посака среќа на фудбалерите и им вети премија од 500.000 илјади евра доколку се пласираат на Мундијалот.

– Ова што вие сте го направиле не е резултат само на некаква среќа, туку е резултат на голема работа и големо откажување. На многу работи од кои сте се откажале како млади за да постигнете ваши лични кариери за коишто ве почитуваат во целиот свет – им порача премиерот Ковачевски на фудбалските репрезентативци во авионот пред летот за Порто.

Фото: ФФМ
Фото: ФФМ
Фото: ФФМ
Фото: ФФМ

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Најинтересните моменти во историјата на Оскарите

Следно

Чавушоглу: Турција се надева дека разговорите во Истанбул ќе донесат мир во Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian