Без сомнение, Ким Кардашијан е вистинска модна икона која поставува трендови кога станува збор за модата. Ѕвездата на реалните шоуа уште еднаш ги воодушеви нејзините следбеници на Инстаграм со најновата модна комбинација.
Иако комбинацијата е прилично минималистичка, тоа што се истакнува е дијамантскиот ѓердан со нејзиното име, кој е рачно изработен и чини околу 50 000 долари.
Неодамна Ким се најде на страниците на хонгконшкото издание на магазинот „Vogue“, каде изјави дека планира еден ден да започне своја правна фирма и да тргне по стапките на нејзиниот татко.
„Навистина требаше да бидам посветена и секоја слободна минута што ја имам да ја посветам на учењето. Навистина ме интересираатт реформите во криминалното право и сакам да бидам адвокат за оние што сметам дека неправедно биле обвинети“, вели таа.
ФОТО+ВИДЕО | Ким Кардашијан мета на потсмев и критики: Ми се чини дека никој не сака да работи денес