Денес се слави Торжество на Православието

1 min read

Прва недела од великиот пост

Во денот на Торжеството на Православието го празнуваме исполнувањето на епохата на седумте Вселенски собори. На седмиот Вселенски собор бил возгласен догматот за иконите којшто ни говори дека Бог, станувајќи човек, станал изобразлив, со Своето воплотување недостижниот Господ земал човечки лик, та ликот Божји може да биде запишан со линии и бои, не како портрет, туку како внатрешен, таинствен образ Божји, препознаван, живеен и познат во Црквата. Бог има лик, и ние тој лик можеме да го гледаме, и пред иконата која го изразува црковниот опит, црковното знаење за Бога ние дејствително можеме да ги преклониме колената со љубов, со благоговение, со нежност. Бог стана еден од нас, не престанувајќи да биде недостижен, велик Бог, самиот Живот, самата Светост, самото Недостижно.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ако седне на клупата на Јунајтед, Тен Хаг веднаш ќе ги избрка трите најголеми ѕвезди

Следно

Дневен хороскоп за 27 март: Реализирајте ги плановите што ги мислите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian