Чавушоглу: Турција се надева дека разговорите во Истанбул ќе донесат мир во Украина

1 min read

Турција се надева дека претстојните преговори меѓу делегациите на Русија и Украина, од утре до среда, ќе доведат до мир во Украина, изјави денеска шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу.

„На иницијатива на турскиот претседател Ердоган, преговарачките делегации на Русија и Украина ќе се сретнат во Турција. Свесни сме за одговорностите кои произлегуваат од довербата што двете страни ја имаат во Турција. Се надеваме дека средбите ќе резултираат со траен прекин на огнот и ќе овозможат мир“, напиша Чавушоглу на Твитер, пренесе Тасс.

Турскиот претседател Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин за време на телефонскиот разговор вечерва се договорија за нова директна средба меѓу руската и украинската делегација во Истанбул, соопштија претходно денеска од кабинетот на Ердоган. (МИА)

kurir.mk

Претходно

ФОТО: Најдобрите македонски фудбалери пристигнаа во Порто

Следно

Вучиќ: Србите се како Галите во „Астерикс“ – последното „слободно племе“ во Европа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian