Бериша: ПД има потреба од обединување како што на птица и треба воздух

2 mins read

По добиената правна битка во судот во Тирана, со која крилото што го предводи е легитмен претставник на Демократската партија и најавата да ја обедини истата, Сали Бериша нема намера да губи време, туку ја започна работата за обединување на демократите.

Тој денеска беше во северниот град Тепелена каде ја истакна огромната важност партијата да се обедини за да ги „обедини енергиите против опасниот режим”.

-Денес, на ПД, како што на птицата и треба воздух, така и треба обединување. Потребно е секој член, поддржувач да го остави настрана секое скршено срце, да се обединиме, да ја мобилизираме нашата енергија за важна битка која е пред нас, битката со најопасниот режим, режимот кој својата активност ја заснова на кражби и криминал, режим кој кризата секојдневно пред Албанците ја прикажува каква несреќа претставува за нив. Во време кога во Украина се војува, нафтата е речиси за едно евро поевтина отколку во Албанија, која е илјадници милји од војната, рече Бериша.

Бериша изјави дека режимот денес е во „целосна одмазда и успеал со незаконски механизми да влијае на кризата на ПД”, не почитувајќи ниту еден принцип на демократија.

-Влада која работи и дава услуги за сопствена моќ, но е должна да ги одржува основните правила на демократскиот систем. Основното правило на еден демократски систем е почитување на опозицијата, а не нечовечки обид за манипулирање со неа.

Според Бериша, земјата е во најтешка ситуација.

-Вистина е дека постои варварска агресија врз слободна земја која стои на најхеројски начин вон сите очекувања. Се разбира дека оваа војна создаде непобитни нарушувања на пазарот, но оние во Албанија станаа поцрни од која било друга земја на Европа. Зошто во секоја тешка ситуација ни станува многукратно потешко? Да ја земеме пандемијата со Ковид, таа беше глобална но во Албанија над 20 илјади граѓани ги загубија животите, а владата мами со 3400 починати, додаде тој.

Сега, обвини тој, владата облекла јагнешка кожа и се преправа дека се грижи за граѓанити, кои се соочуваат со високи цени на сите производи. Затоа, уште еднаш упати апел за обединување на сите сили во партијата за „спас на земјата и албанските граѓани од злото наречено влада”.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Од утре облачно и врнежливо време

Следно

ВИДЕО | Емотивен концерт на Парни ваљак: Синот на Аки Рахимовски се расплака на сцената

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian