Бајден: Украина никогаш нема да биде победа за Русија 

1 min read

„Еден диктатор со намера повторно да изгради империја никогаш нема да ја избрише љубовата на народот за слобода, бруталноста никогаш нема да ја сомеле неговата воља за слобода, Украина никогаш нема да биде победа за Русија“, напиша синоќа на Твитер претседателот на САД Џо Бајден. 

„Место да ја скрши одлучноста на Украинците, бруталните тактики на Русија само ја засилија. Место да го разделат НАТО, Запад сега е посилен и по обединет од кога и да било порано“, напиша Бајден. 

„Без сомнение оваа војна е веќе стратешка грешка за  Русија. Путин мислеше дека Украинците ќе се покорат и нема да се борат. Место тоа, руските сили се судрија со еднаква на себе храбра и цврста украинска одбрана“, напиша претседателот на САД.  

Твитовите на Бајден доаѓаат по неговиот вчерашен говор во Варшава во кој за Путин кажа „овој човек нема да остане на власт“.  (МИА)

kurir.mk

Претходно

Зијадин Села останува на чело на АА, како единствен кандидат повторно го избраа за лидер

Следно

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Врисоци и боксови во Пријепоље, брутална тепачка пред дискотека

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian