Возачот на Ферари, Карлос Саинс ја освои пол позицијата во квалификациите пред утрешната трка за Голеата награда на Саудиска Арабија која ќе се вози на патеката во Џеда.
Но, квалификациите поминаа во сенка на инцидентот на возачот на Хас, Мик Шумахер кој се заби во заштитниот ѕид и по укажаната прва помош на патеката, беше однесен во болница. Од неговиот тим, објавија дека Шумахер се чувствува добро.
UPDATE: Mick is physically in a good condition but will be flown by helicopter to hospital for further precautionary check-ups. #HaasF1 #SaudiArabianGP
— Haas F1 Team (@HaasF1Team) March 26, 2022
– Можеме да потврдиме дека Мик се чувствува добро и веќе разговараше со мајка му. Тој е однесен во болница на превентивни прегледи – порачаа од тимот на Хас.
Red Flag 🚩
Mick Schumacher has a heavy hit at Turn 12. #SaudiArabianGP #F1 pic.twitter.com/12lBHlXRex
— TSN (@TSN_Sports) March 26, 2022
По пауза од речиси еден час поради инцидентот на Шумахер, продолжија квалификациите и пол позицијата ја освои Карлос Саинс од Ферари кој најбрзиот круг во третата серија го извозе во време од 1:26.686 минути.
Победникот од првата трка сезонава, Шарл Леклер имаше најдобро време се до последниот круг кога беше надминато неговото време од клупскиот колега за 0.094 секунди.
Зад двата болида на Ферари, се пласираа двајцата возачи на Ред Бул, Серхио Перез и Макс Ферстапен.
Петтото место му припадна на Фернандо Алонсо, а во првите десет завршија Валтери Ботас, Пјер Гасли, Кевин Магнусен, Естебан Окон и Џорџ Расел.
Големо изненадување во квалификациите претставува катастрофалниот пласман на седумкратниот шампион Луис Хамилтон кој не ја помина првата сесија.
Трката за ГН на Саудиска Арабија ќе се вози утре со почеток од 19 часот.