ВИДЕО: Ериксен се врати во репрезентацијата и веднаш даде гол

2 mins read

Кристијан Ериксен по прв пат заигра за репрезентацијата на Данска по Европското првенство на кое колабираше и едвај остана жив.

Ериксен колабираше и доживеа срцев удар на Евро 2020 и лекарите во последен момент му го спасија животот, а потоа му беше вграден дефибрилатор, но денеска се врати во репрезентативниот дрес и постигна гол против Холандија.

Фудбалерот на Брентфорд, само две минути по влегувањето во игра постигна гол со кој ја намали предноста на Холандија на 3:2. На крајот натпреварот заврши со триумф на „лалињата“ од 4:2. Два гола даде Бергвајн, а по еден Аке и Депај за Холандија, додека кај Данска покрај Ериксен, во листата на стрелци се запиша и Вестергард .

Селекцијата на Шпанија ја совлада Албанија со 2:1 во пријателскиот натпревар што се играше во Барселона и тоа со гол постигнат во последната минута.

Херој на „црвената фурија“ беше Дани Олмо кој во 90 минута го реализира ударот од белата точка. Претходно, Феран Торес во 75. минута го отвори резултатот, а Албанија дојде до израмнување во 85. минута преку Мирто Узуни.

Германија со головите на двоецот од Челси, Каи Хаверц и Тимо Вернер со 2:0 го победи Израел.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ако се спрема Апокалипса, што ќе прави секој хороскопски знак?

Следно

Ако седне на клупата на Јунајтед, Тен Хаг веднаш ќе ги избрка трите најголеми ѕвезди

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian