Украина соопшти дека 135 деца се убиени од почетокот на инвазијата

1 min read

Украинското обвинителство соопшти дека 135 деца се убиени, а 184 се ранети од почетокот на руската инвазија на Украина.

Во ажурираните податоци за неодамнешните жртви, властите посочуваат дека две деца биле убиени за време на жестоки борби во градот Рубижне, регионот Луганск, пренесува Би-Би-Си.

И вчера, две деца на возраст од шест и 13 години беа повредени во Новомихаиливка, регионот Доњецк, по руското гранатирање.

Обвинителите додадоа дека тројца тинејџери – на возраст од 13, 14 и 15 години – биле разнесени од мина во Обилне во регионот Запорожје. Тие се пренесени во болницата Мелитопол каде еден е во критична состојба на одделот за интензивна нега.

Би-Би-Си посочува дека не е можно да се потврдат информациите од независен извор.

kurir.mk

Претходно

Арсовска: Во тек е ревизија на работењето на претходното раководство

Следно

Некои симптоми може да потсетуваат на оние на мозочен удар, но не се

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian