Спасовски: Горд сум на тоа што за првпaт ние поставивме командирка Албанка на полициската станица во Теарце

1 min read

Горд сум што за првпат во 2017 година именуваме командирка на полициска станица, жена и тоа не било каде, туку во Општина Теарце, Албанка која стана прва Командирка на ПС и отвори можност и перспектива, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Најголемиот граничен премин во државата, Богородица, го раководи жена, началник на Одделение за внатрешни работи во Кавадарци е жена, началник во Крим полиција во Прилеп е жена, командирка на ПС Кисела Вода е жена и низа други оперативни позииции коишто ги имаме, објави Спасовски на Фејсбук.

Тој денеска говореше на форумот за родова рамноправност во Република Македонија.

– Актуелното раководство на Министерството за внатрешни работи во изминативе неколку години докажа дека волјата за постигнување на родова еднаквост во МВР не е предмет на дискусија, истакна денеска Спасовски на Интернационалниот Биатлон форум – Скопје 2022, кој оваа година се одржа под работен наслов „Родовата еднаквост на жената во спортот – можности и предизвици“.

Убава вест се потезите за родова еднаквост, а уште подобри ќе бидат министерот да соопшти и резултати, односно ефектите од тие поставувања. На пример, дека по поставувањето на жени на тие раководни места има показатели кои говорат за подобри резултати за борбата против криминалот и корупцијата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: „Чкембарите“ се степаа со полицијата на излегување од салата

Следно

Турција забрани ноќен риболов во дел од Црното Море

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian