Посен ручек од кујната на баба: Пире од грашок со плескавици од компири

1 min read

Од кујната на баба денеска ви претставуваме рецепт за здрав, посен ручек, кој може да го јадат и бебињата.

Состојки:

– 500 гр грашок
– 2 моркови
– 1 свежа пиперка
– 1 поголема главица кромид
– 1 компир
– масло
– сол

Подготовка:

Кромидот ситно исечкајте го, додадете го морковот исечен на кругови и исечканата пиперка. Сипете малку масло и динстајте го целиот зеленчук, додадете ги компирите исечкани на коцки, сипете малку вода да се свари. Сварениот грашок посолете го, па измелете го со миксер и во блендер.

Заедно со грашокот одлична комбинација се посните плескавици од компири.

За посни плескавици потребни ви се:

– 2 поголеми компири
– 1 китка млад кромид
– малку лук
– 2 лажички ајвар
– малку сол или зачин
– 200 мл вода
– 1 лажица брашно
– 50 гр презла
– масло

Подготовка:

Компирите излупете ги и сварете ги, па потоа изгмечете ги. Додадете сечкан млад кромид, малку лук, ајвар, сол или сув зачин.

Смесата добро изедначете ја и направете помали плескавици.

Во сад ставете 200 мл вода и додадете 1 лажица брашно. Поминете ги плескавиците низ приготвената маса, па „извалкајте“ ги во презла и пржете ги на масло додека не поруменат од двете страни. Извадете ги на салфетки за да го впие вишокот маснотии… Уживајте!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајден: Путин мислеше дека ќе го подели НАТО

Следно

Билетот за натпреварот Португалија – Македонија се продава за 820 денари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian