Почина тапанарот Тејлор Хокинс од бендот „Фу Фајтерс“

1 min read

Тапанарот на „Фу Фајтерс“, Тејлор Хокинс, почина на 50 години, потврди американската рок група на својот сајт.

Хокинс починал пред концертот во главниот град на Колумбија, Богота, додека групата се наоѓаше на турнеја низ Јужна Америка. Причината за смртта не е објавена, а колумбиските власти исто така ништо не коментираа.

Многу од фановите со неверување го оплакуваа музичарот на улиците на Богота, палејќи свеќи и оставајќи цвеќиња.

Тејлор Хокинс/ЕПА ЕФЕ
EPA-EFE/Mauricio Duenas Castaneda

Хокинс свиреше со „Фу Фајтерс“ повеќе од две децении, откако ѝ се придружи на групата по излегувањето на вториот албум „The Colour and the Shape“ во 1997 година. Претходно беше член на придружната група на Аланис Морисет.

„Неговиот дух и заразна насмевка засекогаш ќе живеат со нас. Ова се незамисливо тешки времиња за нас и семејството на Хокинс“, објавија од групата.

По Дејв Грол, кој го формираше бендот по распадот на „Нирвана“, Хокинс беше најпрепознатливиот член на „Фу Фајтерс“ и еден од омилените ликови во рок заедницата и бројни музичари со шок и неверување реагираа на трагичната вест. Неговиот последен настап беше на фестивал во Аргентина во неделата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дали поместувањето на стрелките на часовникот може да предизвикаат мозочен или срцев удар?!

Следно

Лапорта јавно соопшти дали Барселона ќе го купува Халанд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian