Петков: Бугарија на техничко ниво ги заврши преговорите со ЕК

1 min read

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, на својата официјална страница на Фејсбук соопшти дека земјата го завршила техничкото ниво на преговорите со Европската комисија.

Петков во постот на Фејсбук наведе дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен наскоро ќе допатува во Бугарија за да го потпише Националниот план за закрепнување и одржливост.

На објавата тој додаде и заедничка фотографија со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен.

Петков се заблагодари на целиот тим од бугарските министерства за финансии, правда, енергетика, како и на сите други министерства кои многу напорно работеле за да се постигне Планот и да се постигне овој напредок.

Според Планот за закрепнување и одржливост, Бугарија првично треба да добие седум милијарди евра од ЕК и уште 3,5 милијарди евра заеми.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Од ноќеска почна летното сметање на времето

Следно

Дневен хороскоп за 26 март: Не дозволувајте никој да ви влијае на одлуките

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian