Памела Андерсон ќе се проба во мјузикл: Улогата во „Чикаго“ е остварување на мојот сон!

1 min read

Холивудската „Чуварка на плажата“ ќе влезе во една за неа нова, занимлива улога, а како што и самата изјави за медиумите, за неа ова е нешто за кое сонувала.

Памела Андерсон ќе дебитира на Бродвеј во улогата на Рокси Харт во хит мјузиклот „Чикаго“. Андерсон ќе ја игра улогата на Рокси од 12 април до 5 мај.

„Улогата е многу интересна, а приказната трае доста долго време. Секогаш постои нешто под тој гламур, што ја прави уште позанимлива“ – вели Памела, која изјави дека подготовката за улогата била доста тешка.

памела андерсон
Фото: Принтскрин / Instagram

„Мислам дека славата за Рокси претставува слобода- рече таа во интервју во емисијата „Good morning America“. Не се работи само за тоа да сте славни, туку дека истовремено добивате внимание и слобода. Можам да се идентификувам со многу нешта од мјузиклот“

Актерката рече дека со нетрпение го чека настапот затоа што за неа ова е нов почеток за откривање на себеси низ призмата на мјузиклот како жанр.

„Многу часови танцување, пеење, работа на сцена, поминување време во театар… Сето тоа те влече, те предизвикува и нема начин да прекинеш“ – задоволно вели актерката.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се за глас: Владејачките партии во Србија им поделија шпорети и фрижидери на граѓаните

Следно

ВИДЕО: Пол позицијата за Саинс, Хамилтон „тоне“, а Мик Шумахер се заби во ѕидот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian