Некои симптоми може да потсетуваат на оние на мозочен удар, но не се

4 mins read

Фактот дека младите луѓе доживуваат симптоми кои потсетуваат на мозочен удар, за жал е факт, особено затоа што често тој се поврзува со постарите лица. Но, реалноста е дека околу 15 отсто од мозочните удари ги погодуваат луѓето на возраст меѓу 18-та и 55-та година од животот, а таа статистика би можела да се влоши, велат експертите. Секако е важно да знаете како симптомите да ги препознаете навреме, без разлика колку години имате.

Што е мозочен удар?

Мозочниот удар е повреда што се јавува кога ќе се прекине снабдувањето со крв во мозокот, наведуваат невролозите.

Мозокот е исклучително чувствителен на недостатокот на кислород и гликоза што ги добива од крвта. Ако имате згрутчување што го спречува дотокот, тоа може да биде причина за повреда на мозокот. Можеме да кажеме дека е слично како кај срцевиот удар, само што се случува во мозокот.

Најчестиот вид на мозочен удар е исхемискиот мозочен удар, кој настанува кога згрутчување ја затнува артеријата што носи крв во мозокот. Вториот вид е т.н хеморагиски мозочен удар до кој доаѓа поради пукнување на крвен сад, што, пак, предизвикува излив на крвта во мозокот. Иако мозочниот удар најчесто ги погодува луѓето постари од 65 години, тој може да се случи и во детството, па затоа е важно да знаете како да ги препознаете симптомите и ризичните фактори.

Најголем ризик за овој вид на мозочен удар е високиот крвен притисок, дебелината, премногу алкохол и цигари и стресот.

Постои и транзиторен исхемиски напад кој е сличен на мозочен удар, но многу поблаг, а се јавува кога дотокот на крв во мозокот привремено е оневозможен. При минлив исхемичен напад, дел од мозокот нагло и накратко престанува да функционира правилно бидејќи привремено останал без кислород поради затнување на дотокот на крвта. Нападот може да трае само неколку секунди или до еден час и нема последици. Во секој случај, симптомите не треба да се игнорираат и веднаш треба да се консултира лекар.

Зошто доаѓа до мозочен удар?

Една од главните болести која може да доведе до мозочен удар е атеросклерозата, а можноста за нејзина појава се зголемува со стареењето. Постојат и други ризични фактори како што се пушењето, седечкиот начин на живот, лошата исхрана, прекумерна употреба на алкохол, хипертензијата (висок крвен притисок), дебелината, генетските предиспозиции и одредени психолошки фактори. Бројот на луѓе кои ќе доживеат мозочен удар ќе се зголеми за дури 34 проценти во следните 15 до 20 години, предупредува Европското здружение за мозочен удар.

Како да знаете дека станува збор за мозочен удар?

Многу е важно навреме да се препознае дека се работи за симптоми на мозочен удар, бидејќи се многу поголеми шансите личноста да закрепне и успешно да се лекува.

Ова се симптомите што мора да ги запомните:

– губење на рамнотежа
– проблеми со видот
– проблеми со едната страна на лицето
– болка во раката или слабост
– проблеми со говорот

Не мора сите симптоми поединечно да укажуваат на мозочен удар, па така силната главоболка не е вклучена во оваа листа. Симптомите може да варираат во зависност од тоа кој дел од мозокот е засегнат.

На пример, ако задниот дел од мозокот останал без крв, може да забележите проблеми со видот. Ако ударот влијае на центрите за рамнотежа, може да доживеете вртоглавица и нестабилност.

Левата страна на мозокот задолжена за говор влијае и на десната страна на телото, па ако се појави проблем со говорот или се појави слабост на десната страна од телото, тоа е типичен симптом дека нешто се случува на левата страна. на мозокот, додаваат невролозите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украина соопшти дека 135 деца се убиени од почетокот на инвазијата

Следно

Демократскиот сојуз го поддржа проектот за една изборна единица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian