НБА лигата одлучи да ги промени правилата во гласањето за избор на најдобрата петорка во регуларниот дел од сезоната.
Новинарот на „Денвер пост“, Мајк Сингер, открива дека „главни виновници“ за промена на правилата во изборот за најдобрата петорка во НБА лигата се главните конкуренти за МВП признанието, Џоел Ембид и Никола Јокиќ.
Според досегашните правила, во најдобрата петорка се избираат два бека, две крила и центар, но бидејќи главните фаворити за МВП признанието се центри, НБА ќе направи промена и Ембид и Јокиќ ќе бидат на листата за гласање и како крила и како центри бидејќи не сака еден од нив двајца да биде член на втората најдобра петорка во сезоната.
Оваа промена би значела дека може да се случи две од трите големи ѕвезди кои играат на крилните позиции, Јанис Адеткумпо, Леброн Џејмс и Кевин Дурент, да не се најдат во најдобрата петорка на сезоната.
Small note: I’m told that both Nikola Jokic and Joel Embiid will be eligible at both forward and center on the All-NBA vote.
So both players can make first-team.
— Mike Singer (@msinger) March 26, 2022