На само 26 години брои милиони на својата сметка: Почнала со 100 фунти и голема идеја

2 mins read

Бриони Гортон има само 26 години а веќе со својот бренд за облека Talliah Rose „собра“ скоро 10 милиони фунти.

Како почнало сето ова? Девојката со почетен буџет од 100 фунти, за месец дена буквално стана милионерка.

Бикини со Сваровски кристали

Нејзината идеја, како што пренесува „Index.hr“ била прилично едноставна: сакала да го прави она што го носи, а го нема на пазарот. Првата креација и била бикини со Сваровски кристали, а дизајнот е производ направен на позајмена шивачка машина. Таа се фотографирала во бикинито и споделила на Инстаграм. Следниот ден веќе почнале нарачките. За само неколку дена добила 60 порачки за бикинито!

Во тоа време била студентка, и вели: „Бев трета година, и помислив како потрошив толку многу пари за некој да ме учи да работам за други и си реков дека тоа не е она што го сакам. Сакав да работам за себе“.

Таа никогаш не дипломирала, но тоа не ја спречи да го развива бизнисот. Сите мислеле дека напуштањето на факултетот е луда идеја, но изгледа Бриони била во право.

Никогаш не подигнала кредит

Девојката истакнува дека никогаш не подигнала кредит, а дека од приходите до кои е сега, стигнала со почетен влог од само 100 фунти.

„Немав инвеститори, ниту пак моите се богаташи, но никогаш не се задолжив во банка. Сите нешта ги постигнав сама, со почетни 100 фунти, а на луѓето им е тешко да поверуваат“

„Сакам луѓето да сфатат дека сум нормална личност која имаше добра идеја“

Истакна дека имала среќа затоа што веб продавницата стартувала во време на пандемија, кога многу онлајн компании доживеале процут.

Во својата компанија ги вработила и своите родители

Успешната дизајнерка не само што се грижела за својата финансиска состојба, таа ги вклучила и сопствените родители во бизнисот. Нејзината мајка Тина успеала да ја отплати хипотеката, а татко и до пред две години бил вработен како раководител на складиште.

„Ја почнав работата во куќата на мајка ми, во нејзината кујна. Останавме семејна фирма додека можевме, но потоа веќе ни требаа канцеларии“

Нејзината главна цел е брендот да биде ценовно достапен на младите жени, а кога ќе наполни 30 вели ќе се занимава со недвижнини.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Грција до лето планира да ги укинува рестриктивните мерки

Следно

НБА ќе ги менува правилата поради Ембид и Јокиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian