Милевски: Сега сме најблиску до една изборна единица, единствен кој го кочи процесот е Зијадин Села

2 mins read

Сега сме најблиску до завршување на процесот, да добиеме една изборна единица. За жал, дел од политичките партии се колебливи во овој процес, нејасно зошто, рече вечерва претседателот на ЛДП и министер за локална самоуправа Горан Милевски.

Како што истакна Милевски во Дневникот на Сител ТВ, од симулациите кои може да се направат од последните избори дали ќе бидат шест изборни единици или една изборна единица со цензус укажуваат на тоа дека разликата меѓу бројот на пратеници е плус минус еден.

Милевски смета дека може да се најде консензус кај сите и тоа да биде една изборна едница со изборен праг од 2,5 отсто. Заговарањата, како што рече, се за два или три отсто.

-Мислам дека сите би се согласиле од 2,5 отсто. Единствен кој прави кочница во овој процес е Алијанса на Албанците на Зијадин Села. Тука не би требало да се обвинува ДУИ и да се обвинува СДСМ, бидејќи такви се обвинувањата од опозицијата. ДУИ никогаш не рекле дека не разговараат, за нив е прифатлив моделот шест изборни единици, но, никогаш не рекле дека не се за една изборна единица. Тука се за да разговаат, изјави Милевски.

Според него, владината програма предвидува промена на изборниот модел во една изборна единица.

-Ако е до ДУИ, ДУИ нема да прави проблем. ВМРО-ДПМНЕ залудно ја обвинува валдејачката структура дека помалите партии се изманипулирани, дека СДСМ не дава. Единствен проблем е АА. Ако ВМРО-ДПМНЕ има искрени намери да отвориме една изборна единица, тогаш да изврши притисок врз нивниот коалициски парнер да се согласи на една изборна единица со цензус. Гарантирам дека ако АА се согласи, тогаш ова решение ќе биде усвоено во Парламентот, дека од Владата ниту една партија нема да биде кочничар на демократските процеси во однос на изборниот модел. Се друго е популизам, рече Милевски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Пол позицијата за Саинс, Хамилтон „тоне“, а Мик Шумахер се заби во ѕидот

Следно

Белата куќа ја појаснува изјавата на Бајден за смена на Путин, реакција и од Кремљ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian