Кличко го откажа продолжениот полициски час во Киев

1 min read

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко го откажа продолжениот полициски час планиран за главниот град.

-Полицискиот час ќе остане вообичаен – од 20 до 7 часот. В недела попладне ќе биде можно движење низ главниот град и регионот, рече Кличко.

Претходно тој најави дека ќе има продолжен полициски час. „Воената команда одлучи да го продолжи полицискиот час. Тој ќе трае од вечерва во 20 часот до понеделник до 7 часот наутро“, напиша претходно Кличко на социјалната мрежа Телеграм.  (МИА)

kurir.mk

Претходно

Билетот за натпреварот Португалија – Македонија се продава за 820 денари

Следно

Пробил граничен премин и влетал во Србија: Фатен бугарски државјанин на автопатот кај Бела Паланка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian