Каде го чуваат „Оскарот“ познатите личности: Од кутија за чевли, до полица во бањата

3 mins read

Сезоната на црвениот килим е во полн ек, а наскоро следи и доделувањето на најпрестижната филмска награда – „Оскар“.

Продуцентите на церемонијата за доделување на Оскарите ќе ги соберат на едно место сите актери и големи ѕвезди од светот на шоубизнисот. Меѓу нив се и оние што веќе имаат златни статуетки, и тоа не само една. Но, меѓу нив има и такви што не сакаат да ја гледаат наградата секојдневно, па и наоѓаат соодветно место во домот.

Познатиот „златен сувенир на успехот“ која секоја ѕвезда сака да го држи во раце, се смета за врв на кариерата во Холивуд. Златната, 34 см висока фигура на витез кој држи котур филм и мач, е најпознатото признание во светот на филмот.  Можеби ќе си речете дека неговите сопственици го чуваат на некое посебно место (освен во срцето, хаха!), но некои од нив изјавија дека не е баш така.

Натали Портман

„Немам поим каде е. Можеби е во сеф или на слично место. Навистина не знам, не сум го видела одреден период. Не сметам дека тој мал златен човек треба да биде предмет на некаков восхит, па тоа го учам и моето дете – има многу повредни нешта. Токму затоа и Оскарот не е на видно место дома“

Натали Портман/ЕПА/ЕФЕ
EPA/PAUL BUCK

Џенифер Лоренс

Откако го освои за првпат Оскарот во 2013, Џенифер Лоренс својата статуетка ја однесе во домот на нејзините родители во Кентаки, каде доби почесно место на семејното пијано. Од тогаш освои уште три Оскари, но нивната судбина не е позната.

Гвинет Полтроу

„Својот оскар го чувам на полица со книги во спалната соба, и затскриен, затоа што ми е чуден. Дури и откако го добив го чував сокриен. Веројатно тоа што го добив во многу тежок период за мене, ме потсетува на тоа“

Рис Витерспун

Русокосата убавица го освои златното момче во 2005 година, а наградата успешно ја чува во дневната соба. Една анегдота вели дека сакала да го стопи Оскарот и да направи ракавица за чукање на влезната врата од домот.

Рис Витерспун/ЕПА/ЕФЕ
EPA/PAUL BUCK

Ана Пакин

Својот прв Оскар го освои во 1994 на само 11 годишна возраст. Доказ дека не се вообрзила многу е дека ги чува близу кутиите со чизми во својот ормар за обувки. „Не им го покажувам на моите пријатели, затоа што би им било нелагодно и ќе мислат дека мораат нешто да кажат, а јас не сакам такво внимание“ – изјави таа.

Кејт Винслет

Славната актерка изјави во една прилика дека го чува Оскарот во бањата. Објасни и зошто – сите сакаат да го видат и допрат златното момче. „Секогаш ме прашуваат каде го чувам и колку тежи, па одлучив, ако биде над тоалет школката, сите ќе го видат и ќе ги избегнам сите тие прашања“

Кејт Винслет/ЕПА/ЕФЕ
EPA/PAUL BUC

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Градот е целосно уништен, убиени се 200 цивили – се огласи градоначалникот на Чернихив

Следно

Скопје викендов е центар на балканскиот крем во билијард

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian