ПИШИИ СО КАШКАВАЛ И ЛУК
Потребни состојки:
1 чаша кисело млеко
1/2 чаша вода
1 јајце
1 пециво
1 лажичка шеќер
1/2 лажичка сол
Сок од 1/2 лимон
3,5 чаши брашно
200 гр рендан кашкавал
1 моцарела
Лук во прав
1/4 китка магдонос
Подготовка:
Во сад помешајте ги водата, киселото млеко и сок од лимон и во нив ставате јајце и убаво соединете. Ставете малку шеќер и пециво и почнете полека да ставате од брашното и да мешате. Посолете, додавајте брашно и месете додека не добиете меко тесто. Потоа оставете го да одмори 15 минути и развлечете го во долгнавеста векна и поделете го на иста големина на делови. Од секој дел направете топче и расукајте ја во кори со дебелина од 5 мм. Корите ставете ги во плех обложен со хартија за печење, врз нив ставете кашкавал, лук во гранули, сол, бибер, парче моцарела и свеж магдонос. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
ПРЖЕНИ ПАНЦЕРОТИ СО РАЗНИ ПОЛНЕЊА
Потребни состојки:
1 чаша кисело млеко
1/2 чаша вода
1 јајце
1 пециво
1 лажичка шеќер
1/2 лажичка сол
Сок од 1/2 лимон
3,5 чаши брашно
Подготовка:
Во сад помешајте ги водата, киселото млеко и сок од лимон и во нив ставате јајце и убаво соединете. Ставете малку шеќер и пециво и почнете полека да ставате од брашното и да мешате. Посолете, додавајте брашно и месете додека не добиете меко тесто. Потоа оставете го да одмори 15 минути и направете долгнавеста векна и поделете ја на 16 делови.
1 ПОЛНЕЊЕ
20 маслинки и неколку парчиња топено сирење
Од секој дел направете топче и потоа расукајте кружна многу тенка кора. Од едната страна расечете ја кората од средината кон крајот, ставете маслинки и виткајте како конус до половината, потоа ставете парче топено сирење и продолжете да виткате, ставете пак маслинки и затворете ја кората од сите страни. Пржете ги во загреано длабоко масло додека не поруменат од сите страни. Кога ќе добијат златна боја извадете ги и ставете ги на кујнска хартија за да ја впијат маснотијата.
ПИЦА ПОЛНЕЊЕ
Потребни состојки:
6-7 листови свинска шунка
6-7 листови кашкавал
малку кечап
суво оригано
масло за пржење
На кората премачкајте кечап, ставете оригано, парчиња кашкавал и шунка и превиткајте на половина како панцерота. Се пржат во загреано длабоко масло додека не заруменат од сите страни. Кога ќе добијат златна боја извадете ги и ставете ги на кујнска хартија за да ја впијат маснотијата.