ФОТО | И по пеколното минато, манекенката гордо чекори со насмевка на лицето

1 min read

Една од најпознатите манекенки на сите времиња, Петра Немцова (41), позната по убавата насмевка и природниот изглед, по долго време се појави на црвениот килим.

Манекенката се појави на настанот Taste the Future во Лос Анџелес, каде дојде со својот сопруг Бенџамин Ларече, а парот изгледаше навистина прекрасно.

Чешката манекенка се одлучила за бела кошула и црни панталони, со панделка околу половината на комбинацијата и дала романтична нота.

Насмеана и весела, Петра блескала и очигледно е дека нејзиниот семеен живот е далеку од рефлекторите, со што е презадоволна со оглед на тоа што зрачи со добро расположение и изгледа свежо и прекрасно.

Манекенката се извлече од навистина пеколен период и го задржа позитивниот став кон животот иако, да потсетиме, во 2004 година поминала низ вистински хорор. Таа била во Тајланд со нејзиниот вереник, фотографот Сајмон Атли, кога ги погодило разорно цунами. Вереникот го загуби животот, а Петра едвај успеала да преживее. Осум часа се држела за палма со повредена карлица, чекајќи помош. Ја спасиле со хеликоптер, кој во болница ја донел со тешки внатрешни повреди и неколку скршени ребра.
По овој настан, Петра ја основа Фондацијата Happy Hearts, која им помага на луѓето ширум светот по природни катастрофи. Освен тоа, таа е активна и во помошта на украинските бегалци кои доаѓаат во околните земји, како Полска и Чешка.

Таа и понатаму „краде воздишки“ и изгледа подобро од кога било.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пробил граничен премин и влетал во Србија: Фатен бугарски државјанин на автопатот кај Бела Паланка

Следно

Време е за дерби, Вардар против Е. Пелистер во првиот чин од директната битка за титулата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian