Ќе игра ли Ѓоковиќ на УС Опен: Њујорк ги олабавува мерките против коронавирусот, Вашингтон не ја трга забраната за влез на невакцинирани лица

1 min read

Новак Ѓоковиќ се уште не знае дали ќе може да настапи на последниот годинешен гренд слем турнир, УС Опен бидејќи градските власти и федералната влада имаат различни планови во битката со пандемијата на коронавирусот.

Епидемиолошката ситуација во целиот свет е поблага во однос на почетокот од годината кога Ѓоковиќ беше депортиран од Мелбурн и не му беше дозволено да настапи на Австралија Опен. Причината за тоа беше што српскиот тенисер не сака да се вакцинира против коронавирусот, додека услов за влез во Австралија и САД е токму вакцината против ковид-19.

Но, во последните неколку недели, ситуацијата се подобрува и градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, пред неколку дена одлучи да се дозволи настап на спортски натпревари и на невакцинирани спортисти.

Оваа одлука на градоначалникот Адамс оди во прилог на Ѓоковиќ, но проблем за српскиот тенисер претставува податокот што Вашингтон засега нема намера да ја укине одлуката да не им се дозволи влез во земјата на невакцинирани лица.

Токму во Њујорк кон крајот од 29. август до 11. септември треба да се игра последниот годинешен гренд слем турнир, УС Опен.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Средношколци од „Никола Карев“ го дотераа дедо Исмаил, локален бездомник

Следно

Николовски: Следната недела очекувам да почне увозот на пченица и останатите суровини од Србија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian