Фудбалската федерација на Македонија преку МК Тикетс, официјалниот партнер за продажба на билети започнува со продажба на билети за плејоф натпреварот Португалија – Македонија за пласман на Светското првенство во Катар 2022.
Билетите за натпреварот кој ќе се одигра на 29. март во Порто, Португалија чинат по 820 денари, а може да се купат на следниот ЛИНК.
Според пропозициите на ФИФА и на УЕФА, на натпреварите во нивна организација, на гостинските навивачи се резервирани 5 отсто од капацитетот на стадионите. Натпреварот помеѓу Португалија и Македонија ќе се игра на стадионот „Драгао“ во Порто чиј капацитет е 52.000 седишта, што значи дека за „фалангата“ се резервирани околу 2,600 билети.