Барди: Ако ја победиме Португалија нема потреба да одиме во Катар, нека ни го дадат пехарот и ќе си седиме дома

1 min read

Фудбалската репрезентација на Македонија во четвртокот го шокира актуелниот европски шампион Италија, победувајќи со 1:0 со голот на Александар Трајковски во 92. минута и стана хит во светските медиуми.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски во вторник ги очекува дуел со Португалија која е Европски шампион од 2016 година, а еден од клучните играчи во репрезентацијата, Енис Барди упати порака до ФИФА и организаторот на Мундијалот, Катар.

Фудбалерот на Леванте на шега изјави доколку ја совладаат и Португалија, Македонија нема потреба да игра на СП во Катар туку пехарот да им го дадат веднаш.

– Можеби немавме среќа на ждрепката кога паднавме во најтешката група, ама ние сме горд тим, кој верува во сѐ што прави. Да ја победиш Италија на домашен терен е нешто неверојатно, а сега ни доаѓа Португалија, исто така на нивен терен и знаеме дека ќе биде тешко, ама мора да веруваме дека можеме. Фудбал се игра 90 минути, сѐ може да се случи… Така да, ако ја победиме Португалија, нека ни го дадат пехарот и ќе си одиме дома. Нема потреба да патуваме во Катар, ќе си седиме во Македонија – изјави на шега Барди.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Готвиме со Маја: Пишии со кашкавал и лук и панцероти со разни полнења

Следно

Ковачевски: Преку колективно настапување на пазарот, целта е да се обезбеди пониска цена за гас

Latest from Blog

Челси го купува Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде ќе биде првото заилување на Челси откако ќе биде официјализирана продажбата

MacedonianEnglishAlbanian