Англичаните му се потсмеваат на Кејн, а тој може да стане најдобар стрелец во историјата на „Гордиот Албион “

2 mins read

Селекцијата на Англија со 2:1 ја совлада Швајцарија во пријателски натпревар што се играше на „Вембли“ во Лондон, а голот за победа го постигна Хари Кејн.

Со голот од белата точка во 78. минута, Кејн се запиша со златни букви во историјата на англскиот фудбал. Имено, тоа беше негов 49. гол во дресот на англиската репрезентација и стана втор најдобар стрелец во историјата на „Гордиот Албион“. Пред него е само Вејн Руни кој има постигнато 53 гола за Англија, а Кејн денеска се израмни со Боби Чарлтон на второто место.

Кејн првиот гол за Англија го постигна 2015 година и во изминатите седум години само тројца фудбалери постигнати повеќе голови за своите репрезентации, тоа се Кристијано Роналдо (Португалија)  со 63 гола, Ромелу Лукаку (Белгија) со 53 и Роберт Левандовски (Полска) со 51 гол.

Интересно е што англиските фанови се потсмеваат со Кејн бидејќи во досегашната кариера со Тотенхем нема освоено ниту еден трофеј.

Претходно, Емболо во осмата минута и донесе  водство на Швајцарија, а Лук Шо во последните моменти од првиот дел погоди за израмнување на резултатот.

Соседското дерби помеѓу Хрватска и Словенија кое се играше во Кувајт заврши без победник 1:1. „Коцкестите“ поведоа со голот на Андреј Крамариќ во 39 минута, додека Словенија од пораз се спаси во 91 минута кога Бијол постигна гол.

Без победник одиграа и Република Ирска и Белгија. Средбата заврши 2:2, а во два наврати водеше Белгија. Белгијците  во 12 минута поведоа со голот на Мичу Бачуаи, додека Ирска до крајот на првиот дел израмни преку Огбене. Во второто полуврее, Ванакен во 58 минута и носи нова предност на Белгија, но Ирска од пораз ја спаси Браун со голот постигнат во 85 минута.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Саша Ковачевиќ и Зорана Тасовац споделија убава вест со јавноста

Следно

Борел: Верувам дека наскоро ќе биде постигнат нуклеарен договор со Иран

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian