Актуелниот тренер на Ајакс, Ерик тен Хаг кој е виден како иден предводник на Манчестер јунајтед, планира веднаш да се ослободи од проблематичните фудбалери кои всушност се и најголеми ѕвезди во екипата.
Англиските медиуми, немаат дилеми дека Тен Хаг ќе биде наследникот на Ралф Рангник на клупата на Јунајтед и тоа нема да биде добра вест за Кристијано Роналдо, Пол Погба и Хари Мегваер.
Имено, поранешниот холандски репрезентативец Рене ван дер Гијо смета дека Тен Хаг е строг тренер чии принципи се косат со тие на Роналдо, Мегваер и на Погба кои наместо хармонија, внесуваат немир во соблекувалната.