Жената која го демнеше семејството на Дејвид Бекам ќе се појави на суд: Тврди дека е мајка на едно од неговите деца

1 min read

Шерон Бел од Хертфордшир, Велика Британија која е обвинета за демнење на фудбалската легенда Дејвид Бекам и неговото семејство, следната недела ќе се појави на суд, пренесува „Daily Mail“.

Имено, Бел е обвинета за вознемирување на поранешниот фудбалер и капитен на Велика Британија со тоа што постојано се обидувала да стапи во контакт со него и му испраќала бројни писма.

Портпаролот на Метрополитен полициската служба во Лондон потврди дека Бел е обвинета за демнење.

„Прекршоците се случиле помеѓу јули и октомври 2021 година. До семејството Бекам биле испратени бројни писма и многу несакани пристапи на домашна адреса и во училиште“, соопштија од полицијата.

Имено, 58-годишната жена се појавила и во училиштето на 10-годишната Харпер минатиот ноември во обид да се сретне со ќерката на поранешниот фудбалер.

Нејзините обиди да стапи во контакт со семејството Бекам наводно датираат од 2016 година, кога таа тврдеше дека е мајка на едно од четирите деца на Дејвид и Викторија Бекам.

Таа ќе се појави пред судот на Вестминстер во понеделник на 28 март за да се соочи со обвиненијата.

На 58-годишната жена сега ѝ е забрането да се доближува 500 метри од вилата на семејството Бекам во Оксфордшир и училиштето кое Харпер го посетува.

Во декември 2021 година беше издадена привремена наредба за пет месеци, а следната недела судиите ќе одлучат дали е потребна трајна мерка за заштита на семејството бекам

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Балканците повторно мета на напади во Америка: Двајца Срби застрелани и избодени во Мајами од непознати напаѓачи

Следно

Панчев: Дури и да не успее во Порто, Македонија покажа дека може и заслужува голема почит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian