Српскиот претседател Александар Вучиќ кој се бори за реизбор на претседателските избори во април во гостување на РТС 2 истакна дека сега на Косово владее општа хистерија во која е речиси невозможно да се зборува рационално.
– Тоа беа најголемите протести во Грачаница во последните неколку години, а богами и во Косовска Митровица – вели Вучиќ.
Ако Србите почнат да ги организираат изборите, албанската полиција ќе пука во нив, тврди претседателот.
– Ќе имавме десетици, а да не зборуваме стотици мртви, ако одговорат Србите – рече Вучиќ.
Тој вели дека најважно му е да избегнува конфликти, но дека не ни паѓа на памет да ја признаеме независноста на една лажна држава.