Викенд-издание на „Слободен печат“: Чао Италија, одиме во Португалија!

3 mins read

Во викенд изданието на „Слободен печат“ читајте:

 

Фудбал

Македонија на чекор до пласман на СП 2022 – Чао Италија, одиме во Португалија!

– Успешното парирање на „рисовите“ на нападите на Италија во Палермо беше плод на добро поставена тактика, која на крајот донесе победа. Следниот и последниот противник на Македонија на патот до Мундијалот ќе биде екстравнимателен во вторник.

Португалија се подготвува за мечот со Македонија – Сантош: Мора да покажеме почит кон Македонија

– Во таборот на Португалците се импресионирани со победата на „рисовите“ над Италија и повикуваат на внимание пред решавачкиот меч за пласман на Мундијалот, што ќе се игра во вторник во Порто

Свет

Бранителите решени да одбијат руски напад – Украинскиот бисер Одеса претворен во тврдина за непосакуваните гости

– Морето и плажите се полни со мини, а низ градот се поставуваат разни барикади, кои треба да ги запрат руските тенкови да влезат во Одеса

Еден месец по руската воена инвазија – Разбиен источниот крак на клештата што го стегаше Киев

– Контранападите и неможноста на руските сили да ги задржат развлечените линии за снабдување, ѝ овозможија на Украина повторно да ги заземе градовите и одбранбените позиции до 35 километри источно од Киев.

Хроника

Самитот на Алијансата искористен за билатерални средби – Ковачевски: НАТО е обединето во одбрана на европскиот мир

– Според Едвард Џозеф, предавач на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, под руско влијание на Балканот се Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија, а во таа група била и Македонија за време на поранешниот премиер Никола Груевски.

Прифатена иницијативата на Левица – Уставниот суд ќе го разгледа разрешувањето на Зендели

Економија

Загрижувачки податоци за туризмот – Многу хотели веќе не ги исполнуваат законските услови за работа

– Ги губиме туристите што доаѓаа од Полска, Украина и Русија, но има неизвесност и во однос на другите гости, како што се од Холандија, Белгија…

– По предупредувањата на Русија за идните испораки – НБМ спремна за тргување со рубли

Скопје

– Сите зафати на мостот на булевар АСНОМ треба да завршат до 10 април – Експропријацијата ѝ задава најголема „главоболка“ на Арсовска

– Финалното завршување на булеварот АСНОМ со сите три фази се очекува откако ќе се решат сите затекнати проблеми по што тој ќе биде пуштен во употреба некаде во втората половина на следната година.

Културен печат

– Во овој број не пропуштајте го и специјалниот неделен прилог со информации, вести, интервјуа од сферата на културата и уметноста

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонските борачи по медали на Европското првенство во Будимпешта

Следно

Важна информација за сите патници на скопскиот аеродром

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian