ВИДЕО+ФОТО | На 109 години почина најстарата блогерка на светот

2 mins read

Швеѓанката Дагни Карлсон, кој често ја нарекуваа најстарата блогерка на светот, почина на 110-годишна возраст, објавија шведските медиуми.

Веста за смртта на Дагни Карлсон беше објавена на блогот што го водеше од страна на Елена Стром, која ѝ помогала да го води блогот.

Дагни Карлсон е родена во Кристијанстад на 18 мај 1912 година, а била најстарото од петте деца. Дваесет години работела во текстилна фабрика во родниот град. Потоа, се школувала во текстилното училиште во Норчепинг и се вработила во фабрика за корсети во Сандбиберг во близина на Стокхолм.

Таа го основала блогот во 2011 година, откако на 99-годишна возраст завршила курс за основите на компјутерството. Објавувала текстови под псевдонимот „Бојан“, а набрзо станала забележана во медиумите во Шведска.

Популарноста ѝ донела и помала филмска улога во 2016 година, а истата година ја објавила и книгата „Живот според Дагни: Во главата на 104-годишната жена“. Учествувала и во шведскиот документарен филм „Животот започнува во стота година“.

Во пролетта 2021 година, таа била примена во болница, кога привремено престанала со објавите на блогот, а последната објава ја напишала на 28 февруари.

Таа напишала дека била на редовен преглед во болница, кој не поминал баш најдобро, но дека пријателката ѝ рекла дека има девет животи како мачка.

„Осаменоста е ужасно здодевна. Претпочитам да се забавувам додека сум жива. Сега кога коронависурот малку се смири, се надевам дека моите пријатели повторно ќе ме посетат. Многу е тажно да лежам сама и да гледам во таванот“, напишала Дагни и додала дека едвај чека да направи мала забава за нејзиниот 110 роденден во мај.

Дагни Карлсон двапати се женела и немала деца. Таа од минатата година живеела во дом за стари лица, а својот стан го подарила на Шведската фондација за борба против рак.

Елена Стром во последната објава на блогот напишала: „Ти благодарам за сѐ што направи за нас, Дагни! Зборот „мртов“ не постоеше во твојо речник. Ти бараше живот“.

Таа најавила дека планира да направи изложба со фотографиите на Дагни, како и дека можеби ќе објави илустрирана книга за нивното пријателство.

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ОН: Масовните гробници во Мариупол може да имаат и до 200 тела

Следно

Општина Карпош: Исцрпени се средствата за субвенција за купување на нови велосипеди и електрични тротинети

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian