ВИДЕО | Дали знаете зошто стјуардесите ве одмеруваат со погледот од глава до пети кога влегувате во авион?

2 mins read

Дали некогаш сте се запрашале зошто стјуардесите ве одмеруваат со погледот од глава до пети кога ќе се качите во авион? Стјуардесата Кет Камалани на својот тикток-профил објасни зошто постои оваа малку необична практика.

Камалани често објавува видеа со корисни упатства и совети за тоа како да се однесувате во авион, а сега откри дека кога стјуардесата ве загледува малку подолго, таа всушност бара патници кои би можеле да помогнат во различни ситуации кои можат да се појават за време на летот.

„Кога ќе се качите во авион и ќе ги видите нашите среќни, насмеани лица, ние всушност ве анализираме и се обидуваме да ги забележиме таканаречените „ABP“ луѓе (анг. able-bodied people) или физички способни луѓе. Додека одат горе-долу по патеките и проверуваат или ги служат патниците, стјуардесите по пат бараат и физички спремни луѓе кои ќе им помогнат ако, не дај Боже, има потреба од тоа“, рече Камалани, а нејзиното видео собра речиси три милиони прегледи.

 

@katkamalani You would never guess the last part… #secretsrevealed #traveler #momsontiktok #flightcrew #travelhacks ♬ Sunny Day – Ted Fresco

Кратенката „ABP“ најчесто се однесува на војници, пилоти, пожарникари, полицајци и лекари, односно вработени во оние служби кои се најкорисни во итни медицински ситуации или во ситуации кога треба да се спречи несреќа.

Повеќето корисници на социјалната мрежа „ТикТок“ коментираа дека тоа никогаш не им паднало на памет, а некои дури ја прашаа како стјуардесите може да погледнат некого и да знаат што прави и која е неговата професија.

„Ох, знаеме, особено ако тоа е професија која бара физичка подготвеност“, одговори стјуардесата додавајќи дека лекарите често им се претставуваат на почетокот на летот и им нудат помош за време на летот доколку е потребно. Таа додаде дека освен физички способни луѓе, со погледот бараат и знаци на киднапирање или трговија со луѓе.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Руските сили го нападнаа центарот за рехабилитација за деца во Мариупол

Следно

Симиќ блеска во јуниорската Евролига, Македонецот одличен против Олимпијакос

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian