ВИДЕО | Адвокатката Анастасовска тврди: Најдовме шест точки по кои може да се поништи дозволата за градба на Водно, на ред е Општина Центар

2 mins read

Жителите на улица „Питу Гули“, улицата која се наоѓа веднаш под озлогласените „Плацеви на Водно“, поднесоа барање за поништување на Одобрението за градење издадено на Маркеза ДООЕЛ од страна на претходниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Адвокатката на засегнатите граѓани, Сузана Јошевска Анастасовска вели дека одобрениeто за градба е дадено за еден спрат повеќе од дозволеното, замаскирано во „галерија”. Парцелата на која е дадено одобрение за изградба нема пристап до јавен пат, што значи дека не е изведена и не е можно по легален пат да се изведе никаква инфраструктура.

– Единствен начин за да се добие пристап е да се изгради нова улица на ридот која не е во Програма за уредување на градежно земјиште за 2022 година. Според проектната документација, не се работи за објект со намена А0 -домување со посебен режим или подетално „луксузно домување на едно семејство” туку за многу поголем објект од можни категории А3-заедничко домување (дом за стари лица) или А4-времено домување (мотел, преноќувалиште) па дури и за хотел (Б5).  Според проектот за архитектура во објектот се предвидени 10 спални соби и 7 баљи, а според проектната документација се предвидени 20 спални соби и 30 бањи. Општината не направила проблем за ова несовпаѓање според кое јасно се гледа дека објектот нема да биде семејна куќа туку ќе биде или мотел, преноќувалиште, дом или хотел, вели адвокатката Анастасовска.

Таа нагласува дека изградбата на објект на оваа парцела ќе значи отворање врата за урбанизација и на останатите околни парцели.

– Новиот градоначалник Горан Герасимовски уверува дека доколку постои правен основ, ќе ги поништи одобренијата за градење. Ние веќе утврдивме шест точки по кои може да се поништи одобрението за градба затоа што сметаме дека во дадениот случај не се  почитувани ниту законските ниту подзаконските акти ниту параметрите од ДУП-от, објаснува адвокатката Јошевска Анастасовска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Панчев: Дури и да не успее во Порто, Македонија покажа дека може и заслужува голема почит

Следно

ЈСП со детали за опожарениот автобус во Нерези

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian