Велика Британија: Украинските сили ги вратија градовите и одбранбените позиции источно од Киев

1 min read

Украинските сили ги вратија градовите и одбранбените позиции на 35 километри од Киев, објави британското Министерство за одбрана.

-Украинските контранапади и неможноста на руските сили да ги задржат развлечените линии за снабдување ѝ овозможија на Украина повторно да ги заземе градовите и одбранбените позиции до 35 километри источно од Киев. Украинските сили веројатно ќе продолжат со обиди за потиснување на руските сили северозападно од Киев, кон аеродромот Хостомел, се наведува во соопштението.

Во соопштението се додава и дека во јужниот дел на Украина, руск ите сили сè уште се обидуваат да го заобиколат Миколајив, со цел да тргнат кон Одеса, а нивниот напредок го забавуваат логистичките проблеми, како и украинскиот отпор.

kurir.mk

Претходно

Ковачевски за МИА: НАТО ја притиска Русија економски, воен судир би значел конфликт од невидени размери

Следно

Курти: Руската Канцеларија за врски во Приштина е под целосен надзор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian