Тупанчески: На свој трошок бев во Палермо да гледам фудбал

1 min read

Министерот за правда, Никола Тупанчески, во изјава за Фокус вели дека на свој трошок отпатувал во Италија за да го следи фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Италија во Палермо.

Тој беше прозван во јавноста, но и од Државната комисија за спречување на корупцијата, откако беше забележан како заедно со вишата јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, и претседателот на Основниот суд Кавадарци, Лазар Нанев, го следи натпреварот во ложата на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.

На ова реагираа и од Антикорупциската комисија, од каде порачаа министерот, обвинителката и судијата да си кажат кој им ги подмирил трошоците за патувањето.

-Секако дека на свој трошок бев во Италија, изјави за Фокус министерот, веднаш штом слета во Скопје.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нови Сад ќе им исплаќа по 100.000 динари на семејствата кои имаат починат од ковид-19

Следно

Македонските фудбалери се вратија во Скопје, вечерва ќе се слави финалето во мундијалскиот бараж

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian