Стефковски до СДСМ: Наместо да ги манипулирате граѓаните со празни прес конференции, да одговорите зошто потрошивте 750.000 евра за привремени вработувања,

1 min read

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски денеска порача дека СДСМ мора да и погледне на вистината во очи.

-По најавите за прес конференција на СДСМ пред општина Гази Баба излегов надвор со цел пред јавноста да ги соочиме фактите и аргументите во интерес на вистината. Вистината е дека: Околу 750.000 евра се потрошени за привремени вработувања во времето на мојот претходник од СДСМ. Покрај ова склучувани се договори на дело со надоместок од 91.500 денари по лице, порача тој споделувајќи видео од настанот. 

-СДСМ манипулира, а граѓаните имаат право да ја знаат вистината. Општина Гази Баба ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните. Времето на недомаќинско трошење на народните пари во Гази Баба заврши, порача Стефковски. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Да не се шири параноја, измените на Законот за матична евиденција да се вратат во собраниска процедура

Следно

Компанијата задолжена за гасовод меѓу Русија и Германија оди во стечај

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian