ЈСП со детали за опожарениот автобус во Нерези

1 min read

Денеска, неколку минути пред пладне, во двоспратен автобус „Јутонг“ кој сообраќа на линија 57 избувнал пожар, во кој за среќа нема повредени патници, причинета е само материјална штета, информираа од ЈСП. 

Во моментот на опожарувањето, автобусот бил на последната/почетната постојка во Нерези и во него немало патници.

-Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излезе на терен, при што, од изјавата на возачот и околни сведоци, констатираше дека пожарот избувнал во делот кај што се наоѓа моторот. Благодарение на присебноста на возачот и неговата брза реакција, избегната е поголема штета. Возачот употребил два ПП апарати, а во меѓувреме интервенирало едно противпожарно возило, соопштија од ЈСП. 

Случајот е пријавен и во МВР и во тек е утврдување на причините за настанот.

skopjeinfo.mk

Претходно

ВИДЕО | Адвокатката Анастасовска тврди: Најдовме шест точки по кои може да се поништи дозволата за градба на Водно, на ред е Општина Центар

Следно

Ердоган денеска ќе разговара со Зеленски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian